Google вложува околу милијарда долари во SpaceX на Илон Маск

55

SpaceX

Американскиот интернет гигант Google планира да вложи околу една милијарда долари во проектот Space Exploration Technologies на SpaceX, зад која стои визионерот Илон Маск, сопственикот на Tesla Motors, со цел да се дозволи пристап до интернет преку сателити од било кое место на Земјата, пишува Wall Street Journal, повикувајќи се на извор упатен во преговорите.

SpaceX гради и лансира ракети и вселенски летала. Минатата недела Маск го опиша концептот на SpaceX да лансира стотици сателити во релативно ниска орбита за да овозможи пристап до интернет во целиот свет. Маск изјави дека проектот би можел да чини 10 милијарди долари и ќе требаат најмалку пет години да се реализира, но не даде никакви детали за начинот на финансирање или планови за производство.

Google веќе работи на слична програма, но притоа не користи сателити, туку балони. Минатата година Google го купи произведувачот на соларни дронови, компанијата Titan Aerospace. Titan за Google ќе работи на неколку проекти – ќе собира фотографии ширум светот од високо, за Google Earth и Google Maps, а ќе помогне и при лансирањето балони во атмосферата во проектот Интернет за сите.