Романскиот произведувач на електрична енергија Hidroelectrica, кој се наоѓа во стечај, на аукција во февруари ќе продава 33 микро хидроцентрали.
Според најавите на компанијата, електраните ќе се продаваат по почетна цена од 18,8 милиони евра, а вкупната инсталирана моќност на овие микро хидроцентрали е 26 мегавати, пишува wall-street.ro.
Hidroelectrica поседува 128 мали хидроцентрали, а 23 од нив е планирано да останат во државна сопственост.
Компанијата е неликвидна од февруари 2014 година, по втор пат за помалку од една година.