Производителот на луксузни предмети од кристали, Swarovski, во соработка со компанијата Дизни создаде нешто навистина бајковито.
Станува збор за нешто што ќе биде во центарот на вниманието на долго очекуваниот филм Пепелашка. Покрај декорацијата на фустанот, аксесоарите и накитот, компанијата го дизајнираше и предметот кој е главен лик во познатата бајка – стаклената чевличка, која што е изработена од вистински кристали.
Дизајнерскиот тим кој работеше на чевличката изработи шест верзии од истата пред конечно да ја направи онаа ”совршената”. Креирањето на чевличката траело цели 150 часа, а на нејзе работеле осум луѓе. Таа е обложена со рефлектирачки слој на сини кристали – Aurora Borealis.
Swarovski обезбеди 1,7 милиони кристали за целиот проект. Компанијата обезбеди кристали за преубавиот син фустан на Пепелашка, за фустанот на нејзината самовила и магичното стапче, како и за облеката на лошата маќеа и нејзините ќерки.
Главната улога во филмот ја игра Лили Џејмс, а во улогата на самовилата е Хелена Бонам Картер.