Луксузниот бренд Ferrari ја претстави својата пролет-лето 2015 Lifestyle колекција, која вклучува серија производи од модни додатоци и облека, до ексклузивна линија багаж.
Колекцијата е лежерна, во спортски стил, но го содржи и оној луксузен елемент на Ferrari.
Така, од линијата на модни додатоци брендот нуди свилени вратоврски и шалови, пижами од кашмир и предмети од кожа.
Што се однесува на облеката, дел од неа е едноставна и секојдневна, додека останатите парчиња се елегантни и оригинални. За крај тука е модерната линија на багаж од брендот.
Боите на колекциите се нежни нијанси на небо и море и се слични на боите кои ги имаат спортските автомобили на Ferrari.