Интелигентна тастатура може сама да се чисти и да го препознае својот сопственик

49

tastatura

Тим од истражувачи од Институтот за технологија од Џорџија разви интелигентна тастатура, што не само што се чисти сама, туку и го идентификува корисникот по начинот на кој ги движи прстите низ тастатурата. Овој уред се очекува да ја понуди потребната безбедност и неовластено користење на пристап до компјутерите, пишува Washington Times.

Оваа тастатура, под името IKB, може прецизно да го идентификува корисникот во реално време на основа на начинот на пишување. Тоа го прави преку претворање на “движењето низ тастатурата“ во диманични електрични сигнали, кои функционираат како своевиден биометриски потпис.

Благодарение на дизајнот и материјалните од кои е направена, оваа тастатура не им дозволува ниту на најситните ронки да влезат во нејзината внатрешност.