Бугарија: Бизнисот бара продажба на 25% од атрактивните компании

48

kozloduj

Со продажба на малцински акции во најатрактивните државни компании да се обезбедат свежи пари и да се намали буџетскиот дефицит, бараат пет бизнис организации и Бугарската берза во писмо до премиерот Бојко Борисов, пишува 24 часа.

Предлогот е да се приватизираат 20% – 25% од нуклеарната централа Козлодуј, Булгартрансгаз, ТЕЦ Марица-исток 2, Бугарската банка за развој, аеродром Софија, Енергетски и системски оператор и Агенцијата за дипломатски имот.

За продажба на удели од овие сè уште државни компании се зборува со години, за некои од нив беа започнати процедури, но не дојде до реализација.