Епл се шири на македонскиот пазар

36

Таблет-компјутер ај-пад 2 (иПад 2) на информатичкиот гигант Епл, од денес во Македонија ќе се продава ексклузивно во продажните салони на Дуна компјутери, соопшти оваа наша компанија. Исто така, компанијата која е единствен авторизиран увозник и авторизиран сервисен центар за производите на Епл во земјава, ќе обезбеди сервисна поддршка и услуга за сите корисници на ајпад.

Новиот уред може да се користи за пребарување на интернет, за читање и пишување е-пошта, преглед на слики, видео, за слушање музика, играње игри, читање е-книги… Ај-пад 2 е потенок, полесен и побрз од својот претходник, но сепак обезбедува до 10 часа издржливост на батеријата. Новата предна и задна камера овозможуваат „фејс-тајм“ видеоразговори и снимање на ХД-видео на 9,7-инчен мултитач-дисплеј.

Во светот веќе се продадени 25 милиони ајпади. Овој таблет-компјутер беше избран од магазинот Тајм како еден од 50-те најдобри иновации на 2010 година, а Популар сајнс го прогласи најдобар уред во изборот на Best of What’s new 2010, Енгаџет за уред на 2010 година, додека во најновиот извештај на „консјумеррепорт.орг“, „Епл ај-пад 2“ со Ви-Фи и 3Г е на врвот на листата со најветувачки таблет-компјутери. Исто така, оперативниот систем иОС на ајпад годинава ја доби наградата на ПЦ магазин во категоријата мобилни платформи омилени на читателите на списанието.