Турција: Дури и традиционалните килими се увезуваат од Кина

343

turski kilim

Турција увезува скоро сè, дури и традиционални турски килими од Кина, а земјата не презема ништо за заштита на домашната индустрија, пишува Хуријет.

“Дури и традиционалните турски килими се произведени во Кина. Доколку увезуваме српови што ќе се користат во земјоделството… значи ја надминавме границата. Од таа причина мора да го промениме тој тренд“, изјави турскиот министер за економија, Нихат Зејбекчи.

Турција ќе направи сеопфатна анализа, по чекорите на Светската трговска организација (СТО), со цел да утврди дали зголемениот увоз на одреден производ би предизвикал сериозни проблеми врз домашната индустрија. Земја членка на СТО може да го ограничи увозот на одреден производ, доколку постојат сериозни импликации врз домашното производство.

Увозот на оваа земја за 11 месеци од 2014 година е на ниво од 220 милијарди долари.