u:Plug – паметен штекер со USB приклучок, производ на хрватско – македонски старт – ап

171

uplug

Хрватско – македонскиот старт – ап u:Plug, кој развива напреден штекер со USB приклучок, во септември минатата година се приклучи кон бугарскиот акцелератор Eleven со почетна инвестиција од 25.000 евра, бројка што сега е неколкукратно зголемена, пишува порталот Нетокрација.

uplug 1

Освен што ги има вообичаените приклучоци, u:Plug има и два USB кабли, а самиот штекер е осмислен за паметно и брзо полнење. Штекерот не ја троши електричната енергија и ја чува батеријата на производот што се полни.

u:Plug своевремено беше цел на критики поради работата на концепт што веќе постои – штекер со USB приклучок, особено на азискиот пазар, каде што веќе се достапни за неколку долари. Но, овој старт – ап се бореше за премисата дека не е важно да се биде прв, туку подобар од конкуренцијата.

uplug_brown

Тимот што стои зад овој изум тврди дека нивната цел не е да развијат евтино решение, туку да создадат бренд што ќе се темели на квалитет во изработката и електрониката. Новиот производ ќе ја носи ознаката Made in Europe.

Иако не е започнато производството, u:Plug има 30.000 пред – нарачки од европски дистрибутери, а партнерства се склучуваат скоро секој ден. Најголем интерес има кај големите трговски и хотелски синџири, авиокомпаниите и големите on line продавници. Продажната цена на овој производ се очекува да биде околу 20 евра, а планирано е во идниот период да се прошири изборот на маски и боја на u:Plug, но се очекува и лансирање на сосема нови производи.