Поради секојдневните обврски и проблеми, возрасните забораваат на себе и на тоа дека и тие заслужуваат малку одмор и уживање. Поради тоа, група ентузијасти од местото Хамерсмит во близина на Лондон направија интересен подвиг, пишува Индепендент.
Во оваа помалку необична игротека има базен во кој “царуваат“ 81.000 бели топчиња, а во него може да влезат 30 лица во исто време. Креаторите, наместо шарени, се одлучија на бели топчиња бидејќи белата боја релаксира и смирува.
Освен што можат да уживаат и да се потсетат на детските денови, посетителите донираат по една фунта (1,33 евра) за хуманитарната организација Право на игра.