Италија отвора банка за “токсични“ кредити

banka 0

Италија направи нацрт – план за формирање банка во државна сопственост за “токсични“ кредити, преку која проблематичните кредити ќе се истиснат од италијанските банки и ќе се зајакне нивната актива, пишува Ројтерс, повикувајќи се на италијански медиуми.

Планот го направила италијанската централна банка, Министерството за финансии и канцеларијата на премиерот, а би требало да им помогне на банките во продажба на значителен дел од проблематичните кредити, што им биле одобрени на тамошните компании.

Лошите кредити во италијанските банки во ноември минатата година достигнаа износ од 181 милијарди евра и се главен проблем на тамошниот банкарски систем.

Банката за “токсични“ кредити ќе располага со капитал од околу три милијарди евра, а нејзини акционери ќе бидат државната банка Cassa Depositi e Prestiti, централната банка, банките што ќе ги продаваат таквите кредити и приватни инвеститори.