Задолжително користење на пет дена годишен одмор за вработените во Јапонија

56

japonec spie na rabota

Јапонската влада дефинираше нацрт закон со кој ќе се воведе задолжително користење на најмалку пет дена годишен одмор во текот на годината. Податоците покажуваат дека помалку од половина од вработените во Јапонија го користат правото на одмор, па новата законска рамка ќе има за цел да ги намали штетните последици од прекумерната работа, пишува Russia Today.

Според актуелниот закон, вработените во Јапонија имаат право на платено отсуство од 10 до 20 дена во текот на годината. Бројот на денови од платен одмор ќе зависи од времето поминато во компанијата, односно бројот на месеци или години стаж. Од новите законски измени ќе се изземат вработените со скратено работно време бидејќи тие не се изложени на толку голем ризик од повреди на работното место поради преголем замор.

Јапонските медиуми велат дека владата во Токио нема во целост да ги пресретне барањата на синдикалните организации кои бараат вработените да имаат обврска да искористат најмалку осум дена платен годишен одмор, ниту на управите на компаниите кои бараат воведување на законска обврска од три дена годишен одмор, туку се залагаат за компромисно решение од задолжителни пет дена заминување на одмор во текот на годината.