Хрватската апликација што решава равенки меѓу 10-те светски иновации во 2014

138

hr

Хрватската мобилна апликација PhotoMath во четвртокот беше прогласена за една од десетте најголеми дигитални иновации на светот во 2014 година. Наградата ја додели УНЕСКО, заедно со Netexplo, организација за следење на технолошки трендови и иднината на дигиталната економија, јавуваат хрватските медиуми.

Апликацијата ја користи камерата на мобилниот телефон за решавање на математички задачи. Се што треба да направи корисникот е да ја насочи камерата кон равенката и ќе го добие решението на екранот. Целта на апликацијата е да биде корисна алатка за учење, затоа што ги прикажува и деталните чекори кои водат до решението.

Апликацијата PhotoMath за само три месеци ја презеле преку 11 милиони корисници само на уредите на Apple, а од овој старт – ап најавуваат дека во текот на февруари ќе пуштат и Android верзија.

PhotoMath е убедливо најуспешна хрватска мобилна апликација според бројот на корисници, а интерес за неа покажале компании од Јапонија, Израел, Германија и САД.