Дејвид Милер аплицираше за работа во фитнес центарот Strava, но сакајќи да го привлече вниманието на потенцијалниот работодавач, тој направи необичен подвиг, пишува Abc news.
Покрај пријавата за вработување, тој ги поднел и резултатите од апликацијата Strava fitness, која ја следи километражата на луѓето кои трчаат и го мапираат нивното движење. Милер поминал 12 километри во Сан Франциско, каде што со неговото движење ги испиша зборовите Hire me (вработи ме).
“Во кариерата го достигнав нивото на кое барам одлична компанија за која ќе работам. Јас уживам кога трчам и мојот подвиг е одлична идеја“, вели Милер.