Hyundai планира да продаде преку седум милиони автомобили годинава

45

Cars are displayed at a branch shop of Hyundai Motor in SeoulЈужнокорејскиот автомобилски концерн Hyundai-Motor, во кој е вклучена и KIA, оваа година очекуваат да продадат преку седум милиони автомобили. Меѓутоа, очекуваат нешто помал раст за разлика од претходните години, затоа што според зборовите на првиот човек на концернот, Чанг Монг-коо, ќе продадат 7,41 милиони автомобили или 4,1% повеќе од претходната година, кога продадоа 7,12 милиони.

“Очекуваме условите на пазарите дома и во странство да бидат многу тешки во 2013 година поради кризата во Европа и успорената глобална економија”, изјави Монг-коо.

Во изминатите неколку години, Hyundai и Kia бележеа силен раст во земјите во развој, поради тоа што воведоа модели прилагодени за индивидуалните пазари по ниски цени.

Hyundai и Kia се на петто место на најголеми произведувачи на автомобили, а пред нив се Toyota, Volkswagen, General Motors и Ford.