Словенечкиот иновативен проект кој може да им го олесни животот на оние кои планираат некакво реновирање во домот, MojMojster.net, наскоро ќе се прошири и во Хрватска, пишува Пословни дневник.
Со помош на оваа платформа, со неколку кликови на веб страната, со помош на филтери, можат да се најдат изведувачи за одреден проект. Платформата служи како еден вид на берза на понуда и побарувачка, затоа што преку неа може да комуницира со изведувачи, но и да се споредуваат понуди. Кога корисникот ќе избере изведувач, преку овој систем бара мислење за него и ја договара работата.
Според креаторот на платформата, MojMojster.net може значително да го намали времето за барање на мајстори, да го намали ризикот при селекција, а нуди и бесплатни совети. Преку овој словенечки систем, работа добиле 1.400 градежни фирми и мајстори за вкупно 2.565 проекти, во вкупна вредност повисока од девет милиони евра.