Apple највредна компанија во светот со над 700 милијарди долари

60

Apple-Think_Different-Apple-Logo

Американскиот технолошки гигант Apple достигна рекордна пазарна капитализација од над 700 милијарди долари, со што стана најскапата компанија во светот, пишува Економист.

На 10-ти овој месец акциите на Apple достигнаа вредност од 122 долари. Со ова, производителот на iPhone и iPad уредите зад себе ја остави моќната нафтена компанија Exxon Mobil, чија вредност се проценува на 380 милијарди долари.

Порастот на акциите на Apple е врзан со новите модели на iPhone, што беа претставени во септември минатата година, како и со успехот што компанијата го оствари во Кина, каде продажбата забележа пораст од 70% во последното тримесечје.