Новите технологии и напредокот на медицината во голема мера влијаат на квалитетот на животот. Сведоци сме на бројни уреди кои имаат за цел да го контролираат и алармираат корисникот за неговата здравствена состојба.
Clinicloud е уред што во себе содржи дигитален стетоскоп и топломер, со чија помош се снимаат податоците, а на корисниците може да им пружи и директна докторска консултација.
Уредот може да им помогне на сите родители да може да го следат здравјето на нивните деца така што резултатите ќе ги добијат на нивниот паметен телефон преку интегрирана апликација.
Дигиталниот стетоскоп во предвид го зема респираторниот систем и отчукување на срцето, а топломерот со помош на новата генерација на инфрацрвена технологија и Bluetooth врска може да даде точни податоци за температурата без било каков контакт. Сите податоци се префрлаат на телефон или cloud за да може здравствената состојба на детето да се следи одреден временски период. Увид во овие податоци би имале и докторите, кои преку видео разговор би можеле да им помогнат на своите пациенти.
Цената во предпродажба на овој паметен уред е 109 долари, а испораката се очекува да почне во јули оваа година.