На Србија ѝ требаат програмери

42

IT

Во производство на софтвер во Србија се вработени меѓу 6.000 и 7.000 луѓе, но потребите на секторот се многу поголеми, изјави директорот на Војводинскиот ИТ кластер, Милан Шолаја, пишува еКапија.

Според Шолаја, скоро и да нема невработен квалитетен програмер, а земјата има потреба за оваа струка. Тој оцени дека образовниот систем треба да ги следи потребите на пазарот на труд, но не е така, па на факултетите во Србија нема место за сите оние што сакаат да запишат студии по информатика.

Проблем со дефицит на ИТ кадар има и Бугарија, каде на пазарот на труд има 10.000 слободни места. Според бизнис заедницата во Бугарија, долгорочно решение на проблемот со недостигот на ИТ кадри е реформа во образованието, додека брз ефект би имало олеснување на постапката за издавање на работни визи за висококвалификувани странци.