Nestle ги укинува вештачките бои и ароми во чоколадите за американскиот пазар

114

nestle cokolado

Швајцарскиот производител на чоколади Nestle ќе ги отстрани сите вештачки вкусови и бои од своите чоколадни производи што се пласираат на американскиот пазар, пишува BBC.

Одделенијата на Nestle во САД ветија дека ќе се ослободат од вештачките ароми и бои во повеќе од 250 видови на чоколади до крајот на оваа година. Овој потег е поттикнат од истражувањето на пазарот, кои покажуваат дека американските потрошувачи не сакаат адитиви.

Nestle ќе ги замени вештачките бои и ароми со природни состојки. На пример, во чоколадото Crunch, вештачката арома на ванила ќе биде заменета со природна ванила. Компанијата ќе направи промени во повеќе од 75 рецепти.