Германија ќе донесе закон за изедначување на платите на мажите и жените

68

The salary in an envelope. Euro.

Законот за изедначување на платите на мажите и жените во Германија се очекува да биде донесен оваа година, изјави министерката за женски прашања, Мануела Швесиг, пишува магазинот Europa online.

Нејзината цел е да се постигне еднаквост без “наметнување на ограничувања во колективното преговарање или создавање на бирократско чудовиште“.

Жените во Германија заработуваат околу 22% помалку од мажите, покажуваат податоците на Федералната служба за статистика. Во 2013 година, мажите во просек заработувале по 19,84 евра на час, за разлика од саатницата на жените, што изнесувала 15,56 евра.

Коалициските партнери во германската влада се сложиле оваа разлика да ја нивелираат со законско решение, а планирана е поголема транспарентност во структурата на платите и зголемување на саатниците во професиите со кои традиционално се занимаваат жени.