Калашников ќе произведува дронови

46

kalasnikov

Компанијата позната по легендарната пушка АК-47 ќе почне со производство на беспилотни летала, а размислува да прави и ракети и бродови. Како што изјави директорот на компанијата Алексеј Криворучко, дроновите ќе се користат за контрола на границите и извидница во специјални мисии. Криворучко на Меѓународниот саем за одбрана во Абу Даби најави дека за производство на беспилотни летала, Калашников ќе формира заедничка компанија во соработка со руската Зала Аеро, јавува RT.

Калашников е најголемиот руски производител на воено оружје, како и на оружје за лов и спортски пушки, машини и алати. Групата ги продава своите производи во скоро 30 земји низ светот.