Фото: Pixabay
Старт – ап компаниите се соочуваат со предзивикот да го истуркаат својот производ или услуга на пазарот и да го привлечат вниманието на потенцијалните инвеститори. Првите чекори на овие компании се најтешки, но и пресудни за нивниот понатамошен развој.
Дармеш Шах, основач и извршен директор за технологија на HubSpot, направи анализа на седум карактеристики кои создаваат идеален профил на вработен во старт – ап компанија, бидејќи квалитетот на вработениот зависи и од тоа каде работи, пишува порталот Startit.
Подолу се седумте карактерсти што ги одвојува Шах:
Повеќе сакаат да работат одошто да разгледуваат
Многу е мал бројот на старт – ап компании што личат на нивниот оригинален бизнис план. Тоа, според него, е добро бидејќи тоа значи дека тие го обликуваат нивниот бизнис онака како што им одговара на потребите на нивните корисници. Вработените во овие почетни бизниси работат многу напорно, а потоа се прилагодуваат и адаптираат на потребите. Најуспешните најчесто не тргнуваат од одличните идеи, туку преку интеракција доаѓаат до истата. Според Шах, полесно е да се учи преку работа, одошто само со размислување.
Не се грижат околу тоа што е зад завесата
Старт – ап компаниите најчесто ја избегнуваат политиката. Важни им се само корисниците. Најдобрите и најкомпатибилни вработени за овие бизниси се лица кои сметаат дека калориите најдобро се трошат во создавање на вистинска вредност за корисниците.
Не ги сметаат парите како единствено решение за секој проблем
Една од основните лекции што претприемачите треба да ги знаат е управувањето со ресурси. Вистински предизвик е како ограничените ресурси да се претворат во нешто извонредно. Токму ваквиот профил на вработени одлично знаат да управуваат со ресурсите. Не им е потребна армија од луѓе за да ги извршат сите задачи, туку се во постојана потреба да најдат креативен начин да го постигнат максимумот со помош на ресурсите со кои располагаат.
За нив секој корисник е индивидуалец кој заслужува почит
Без оглед на тоа колку корисници има стартапот, секој од нив е личност сама за себе. Денот кога ќе почнат да ги гледаат како колекција и кога ќе престанат да ги сметаат како луѓе, е денот кога бизниот ќе почне да пропаѓа.
Претпочитаат меритократија
Не го сакаат принципот “на стара слава“. Секогаш се подготвени да успеат врз основа на нивните достигнувања и успеси, бидејќи веруваат во себе и во своите соработници.
Повеќе се грижат за своите колеги одошто за привилегиите
Најсоодветни луѓе за работа во старт – ап компанија се луѓе кои не размислуваат за бесплатните работи што би можеле да ги добијат, како што се масажи, вечери, патувања, забави… На нив им е поважно со кого работат, одошто какви привилегии ќе добијат.
Инстинктивно се фокусираат на мисијата на компанијата
Тие се фокусираат на основната мисија на компанијата. Креираат производи кои корисниците ги сакаат и ги исполнуваат нивните потреби. Во исто време, секогаш имаат време и трпение да им помогнат на другите вработени да успеат. Најдобрите не чекаат само да им помине работното време, туку се обидуваат да го извадат најдоброто за да може дополнително да придонесат кон остварување на мисијата на компанијата.