Паметно искористете ги критичните фактори на успехот

343

uspeh-pixabay

Фото: Pixabay

Критични фактори на успехот се одредени услови и активности кои доколку компанијата ги исполни, може да обезбеди профитабилен бизнис.

На пример во случај со продажба на мало, критичните фактори на успехот се ширината на продажниот асортиман, висината на продажната цена, бројот на паркинг места, љубезност на персоналот, можност за одложено плаќање и др.

Во автомобилската индустрија тоа би биле дизајнот на автомобилите, потрошувачката на гориво, сигурноста и безбедноста на патниците. Во земјоделтвото критични фактори се поседување на обработлива површина, квалитетни култури и знаење на земјоделецот.

Во секој бизнис има многу критични фактори за успех. Сепак, само неколку го одредуваат успехот во работата. Исто така не се сите критични фактори подеднакво важни за постигнување на добри резултати.

Доколку се обидете да ги искористите сите фактори, ќе ги раситните ресурсите, времето и својата менаџерска енергија, а како компанија ќе изгубите фокус и препознатливост во очите на купувачите.

На пример во трговијата можете да се определите за потесен асортиман со голем обрт, помал број на вработени, опција на самопослужување и ниски цени.

Тука е и другата комбинација на критични фактори на успехот, како широк продажен асортиман, повисоки цени со повисоки маржи, поголем број на вработени (кои се на располагање во секој момент), квалитетен ентериер кој придонесува за пријатна атмосфера и др.

На тој начин, кога ќе се определите за користење на одредени критични фактори на успехот кои се важни за вашата целна група клиенти, ќе ја создадете сржта на вашата деловна стратегија.