Американскиот моден бренд Tommy Hilfiger ќе ги отвори првите самостојни продавници во Бугарија во наредните денови. Досега брендот на бугарскиот пазар беше присутен преку некои мултибранд продавници, а самостојно влегува преку грчката Sarkk Group, која е ексклузивен увозник, дистрибутер и трговец на брендот за Бугарија, Грција, Романија, Кипар и Македонија, пишува софиски Капитал.
Продавниците ќе бидат отворени во два трговски центри во Софија, едната на крајот на овој, втората на почетокот на следниот месец.
Tommy Hilfiger е светски моден бренд, присутен во преку 90 земји во светот, со над 1.400 објекти. Производните линии вклучуваат спортска облека за мажи, жени и деца, обувки, долна облека, чанти, додатоци, очила, парфеми, часовници… Колекцијата Hilfiger Denim вклучува тексас облека и чевли за мажи и жени, како и широк спектар на чанти и додатоци.
Самиот Томи Хилфигер (63), во моментов е главен дизајнер на Tommy Hilfiger Corporation.