Градежниците од земјите од поранешна Југославија се обидуваат да направат конзорциум за заеднички да настапуваат на африканскиот и азискиот пазар, а барани се во Либија, Алжир и Ирак.
Секретарот на Здружението за градежништво во Стопанската комора на Србија, Виктор Кобјерски изјави за Танјуг дека српската комора преговара со коморите од БиХ, Хрватска, Македонија, Словенија и Република Српска за обединување на градежната оператива за заеднички настап на странски пазари.
Кобјерски потенцира дека целта е фирмите од регионот да не бидат подизведувачи и во подредена положба, туку да бидат ангажирани како главни изведувачи и носители на проектите.