ИТ компанијата за изработка на антивируси AVG дизајнираше специјални очила за заштита од софтвери што препознаваат лица, какви што има Facebook.
Овие очила користат инфрацрвени LED диоди кои им пречат на филтрите што поголемиот број камери ги користат при фотографирање. Покрај тоа, имаат и рефлективна површина во случај да се користи и блиц.
Очилата засега се прототип и веќе се испробани на iPhone и Nexus.