Фото: Pexels
Благодите на ова овошје се толку големи што со право може да се нарече кралица на овошките. Јаболкото изобилува со витамини (А, Б, Ц), минерали, белковини, растителни влакна, растителни масти, железо, етерични масла, калиум, калциум, каротин, магнезиум, натриум, олиго елементи, протеини, фосфор, целузола, фруктоза…
Јаболкото е најдобро да се јаде свежо, но и преработено може да има лековити материи. Свежото е добар антиоксиданс и превентивно делува против бактерии и вируси.
Така, ова чудесно овошје помага за лечење на алергија, проблеми со варење, болести на желудникот, одлично е за забите, грлото, помага за време на грип, кашлица, бронхит, пореметување на крвниот притисок, надуеност во стомакот, опстипација, отежнато мокрење, го регулира холестеролот, циркулацијата, ја зголемува концентрацијата, имунитетот, ја намалува нервозата…
Јаболкото е особено добро за бубрезите, црниот дроб, жолчката, цревата, крвните садови и имунолошкиот систем.
Но, тоа не е сè. Јаболковиот оцет лечи артритис, остеопороза, срцеви болести, го намалува холестеролот во крвта, ги суши акните и помага за слабеење.
Јаболков оцет и мед
Комбинацијата на јаболков оцет, мед и вода е одлична за да го победите хроничниот замор. Сè што ви е потребно се два децилитри зовриена вода во која ќе ставите две лажици мед и две лажици јаболков оцет. Се пие еднаш во денот по вечерата.