Во Хрватска ќе се гради геотермална електрана

122

geotermalna elektrana

Претседателот на Управниот одбор на турската компанија МБ Холдинг, Мухарем Балат, изјави дека оваа компанија ќе ја гради првата геотермална електрана во Хрватска, со моќност од 10 мегавати. Станува збор за проект вреден 30 милиони евра, а планирано е електраната да почне со работа во 2017 година, пишува Ал Џазира.

Балат, кој воедно претседава со Меѓународната геотермална енергетска унија, во разговор за Анадолија додава дека оваа компанија во последниот период е фокусирана на геотермална енергија и работи на такви проекти како во Турција, така и надвор од неа.