Намалете ја надуеноста во стомакот

71

limon-voda

Фото: Pexels

Многу луѓе често чувствуваат подуеност во стомакот. Причините за тоа можат да бидат различни. Во продолжение се неколку совети што ќе ви помогнат да го елиминирате тоа чувство за само еден ден.

Топла вода и лимон

Наутро испијте чаша топла вода со лимонов сок. Тоа ќе го разбуди дигестивниот систем и ќе придонесе за негово подобро работење.

Без млечни производи

Конзумирањето на млечни производи може да предизвика надуеност во стомакот. Доколку чувствувате нелагодност од нив, наутро не конзумирајте јогурт и павлака.

Тропско овошје

Ананасот и папајата содржат ензими кои помагаат при надуеност, така што ги разградуваат протеините и го олеснуваат варењето.

Пијте повеќе вода

Водата ги елиминира токсините и вишокот на соли во организмот.

Јадете бавно

Џвакајте бавно и темелно. Брзото јадење и недоволно преработената храна дополнително го отежнуваат варењето.

Пијте чај

Чајот од нане делува смирувачки, а ѓумбирот и циметот го чистат организмот.

Прескокнете го десертот

Наместо десерт кој содржи многу шеќер, земете свежо овошје кое изобилува со влакна и вода.