Во турската провинција Карс, на свечена церемонија, вчера беа поставени темелите за изградба на Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП). На церемонијата присуствуваа претседателите на Азербејџан, Турција и Грузија, Алхам Алијев, Реџеп Таип Ердоган и Георги Маргвелашвили, како и други високи претставници на институции, пишува Хуријет.
Гасоводот со должина од 1.850 километри е предвиден за транспорт на гас од Азербејџан преку Грузија и Турција кон границите на Грција и Бугарија. Вредноста на проектот ТАНАП се проценува на 10-11 милијарди долари.
Првата количина гас треба да почне да се испорачува 2018 година (16 милијарди метри кубни годишно), а до 2026 година е предвидено капацитетот да порасне на предвидените 31 милијарда метри кубни годишно.
Учесници во проектот се Државната нафтена компанија на Азербејџан SOCAR со 58%, Бритиш Петролеум со 12% и турската нафтена компанија Боташ со 30%.