YikYak е уште еден член во огромното семејство апликации за сите корисници на паметни телефони. Она по што се разликува од останатите социјални медиуми е во тоа што оваа апликација овозможува анонимно озборување.
На корисниците на мобилни уреди со iOS и Android оперативен систем, оваа апликација им овозможува да озборуваат со останатите корисници што се во радиус од десетина километри.
YikYak ја комбинира технологијата на GPS навигација и испраќање пораки во реално време, што им овозможува на корисниците анонимно да споделуваат ставови. Пред да се испрати пораката, YikYak ја одредува локацијата на корисникот и на групата што е во близина од десетина километри радиус. Секој од корисниците на оваа социјална мрежа што се во тој радиус може анонимно да зборуваат меѓу себе.
Иако правилата за однесување на YikYak се строги кога станува збор за говорот на омраза, оние кои се вербално силни секогаш наоѓаат начин да стават до знаење кого озборуваат. Најголем проблем се учениците во основните и средните училишта, каде меѓусебното задевање на врсниците е честа појава. Од таа причина, креаторите на оваа апликација – Тајлер Дрол и Брукс Буфингтон беа принудени да спречат околу 100.000 институции да ја користат апликацијата, а во некои случаи изолирани се и цели градови, како што е Чикаго.