Фиат 500Л ќе се продава и во САД

63

Финансискиот директор на Фиат автомобили Србија, Џери Кларк изјави дека очекува извозот на автомобилот Фиат 500L на амeриканскиот пазар да се најде од февруари 2013 година.  Тој нагласи дека автомобилот е главно наменет за извоз и очекува до крајот на годината да бидат произведени 30.000 автомобили, а официјалната продажба во Србија започнува на 22 септември.

Најголема продажба на овој автомобил се очекува да се постигне во Италија и Германија, а можеби и во Франција. Во Србија се очекува до крајот на годината да бидат продадени стотина автомобили. Фиат 500L ќе се продава во 100 земји, вклучително и во САД.