Adrenalyn Mapp, апликација за сите љубители на екстремни спортови

26

4f68b808.3-screens

Adrenalyn Mapp е српска старт – ап компанија чија цел е да се поврзат сите љубители на екстремни спортови од целиот свет и да им се овозможи да истражуваат нови локации за овој спорт.

Adrenalyn mapp е замислена како платформа за сите екстремни спортисти кои сакаат да пронајдат нови локации каде може да скокаат од висина, да летаат, да се возат на велосипед и слично. Без оглед на тоа дали сакаат да го истражуваат својот град или да бараат нови локации, преку Adrenalyn Mapp во секое време ќе имаат информации за тоа каде може да ја дополнат дозата на адреналин во крвта, а во исто време да дознаат повеќе за посакуваната локација.

Пред околу еден месец, од овој старт – ап ја лансираше апликацијата Longboard Mapp.

Доколку некој екстремен спортист сака да го започне своето адреналинско “патување“, апликацијата му овозможува неговата маршрута да ја обележи и зачува, како и да додаде некои посебни детали. Останатите информации може да ги обезбеди GPS системот за навигација. Ваквите податоци, преку апликацијата, стануваат достапни за сите оние кои веќе ја инсталирале истата.

Апликацијата е целосно бесплатна, а тимот планира преку партнерства и реклами да постигне профит.