Макпримат слави 25 години постоење

154

Makprimat - Shop

Македонската компанија Макпримат слави 25 години успешно постоење. По тој повод, Макпримат на своите клиенти и пријатели, во продавницата во ГТЦ (приземје), утре ќе им приреди интересни изненадувања.

Макпримат е првиот приватен македонски бренд, основан во 1990 година кој негува долгогодишна традиција во модната индустрија на македонскиот пазар. Посветен на своите клиенти, Макпримат креира и произведува високо квалитетна мода за урбани и софистицирани жени и мажи.