Телеком Србија ја прифати понудата на француската консултантска куќа Lazard Freres SAS за пружање услуги менаџментски консалтинг во процесот на приватизација на операторот. Од советникот се очекува во следните два месеца да утврди предлог модел за приватизација, соопштуваат од Телеком Србија, јавува Танјуг.
Советникот во следниот период најпрво ќе направи проценка на вредноста на компанијата, економска и правна анализа, како и анализа на пазарот. Потоа се очекува да предложи модели за приватизација и да подготви временски и методолошки план на приватизација.
Врз основа на нивниот предлог, мнозинскиот акционер Владата на Србија ќе донесе одлука за продолжување на приватизацијата и ќе избере еден од предложените модели за продажба на пакет акции, со што ќе почне втората фаза од процесот.