Adidas планира да го пресели производството од Азија во Европа

45

adidas

Светскиот производител на спортска опрема Adidas планира да го забрза процесот на производство со цел да се овозможи пораст на продажбата и зголемување на профитот во следните пет години, пишува Ројтерс.

Менаџментот на германската компанија за спортска опрема, која веќе пет години е зад брзорастечкиот ривал Nike, вели дека тестирањето на автоматските производни единици ќе овозможат лесно и брзо да се пресели производството од Азија во Европа.

“Ние ќе го вратиме производството таму каде што се главните пазари“, рече главниот извршен директор на Adidas, Херберт Хајнер. Според него, премногу е долг временскиот интервал од шест недели, колку што е потребно за селењето.

Производството во близина на пазарите каде што се потрошувачите треба да му овозможи на Adidas брзо да реагира при менување на трендовите. Adidas планира отворање на 500 до 600 нови продавници, а се очекува неколкукратно зголемување на оперативниот профит во следните пет години.