Првиот алкохолен чај на продажба во Кина

85

tang-600x420Производителот на рум, Bacardi, го создаде првиот дестилиран алкохолен пијалок од листови зелен чај. Направен специјално за кинескиот пазар, новиот пијалок, чие име е Танг, има префинет и горчливо-сладок вкус на познатиот чај.

Tанг е создаден користејќи нов револуционерен процес на подготовка, преку кој се ослободуваат сложените шеќери како би се овозможила ферментацијата.

Добиената смеса потоа се дестилира при што се добива 40% алкохол кој се разредува со француска изворска вода за на крај да се добие светло зелен ликер.

За почеток произведени се само 2.000 шишиња, а можат да се купат во специјална продавница близу аеродромот во Хонг Конг, до крајот на мај, по цена од 250 долари за шише.