Mataerial – 3D принтер за градежништво што ѝ пркоси на гравитацијата

164

mataerial

Иноваторот Саша Јокиќ од Белград заедно со неговиот партнер стојат зад првиот 3D принтер, што може да ѝ пркоси на гравитацијата и да испечати многу поголеми објекти, пишува порталот Startit.rs.

Mataerial, според него, овозможува 3D печатење на било каква површина, без оглед на аголот на печатење. Тоа значи дека овој принтер може да се бори со гравитацијата додека печати и на крајот излегува како победник.

mataerial 1

Главна иновација што го овозможува тоа е термосет на двокомпонентен епоксид наместо термопластика, што се користи во постоечките 3D принтер.

“Mataerial е проект од експериментален карактер, но тврдиме дека е можно со овој материјал да се испечатат комерцијални производи, како што е мебел, елементи за ентериер и привремени објекти“, вели Јокиќ.

Во овој момент, најголем проблем е цената на материјалот. Епоксидот што го користат е направен во соработка со француската компанија Axson и трошоците се големи со оглед на тоа дека материјалите доаѓаат директно од лабораторијата.