Wizz Air воведува можност за избор на седиште

64

wizz air

Ниско буџетната авио компанија Wizz Air денеска најави дека од 15-ти мај ќе го претстави новиот начин на селекција на седишта за да го подобри искуството и задоволството на своите патници, стои во соопштението.

На селектирани рути, од четврти мај 2015 година и од 19-ти мај 2015 година на сите Wizz рути, патниците ќе можат да уживаат во автоматска и бесплатна селекција на седишта, што ќе стане дел од процесот на резервација од осми април.

Wizz Air ќе дозволува кога е можно да се селектираат соседни седишта на истата резервација кога патниците патуваат заедно. Потрошувачите ќе можат да ги менуваат нивните бесплатни седишта и да селектираат друго седиште за надоместок од едно евро на wizzair.com или на WIZZ мобилната апликација во било кое време, три часа пред летот. Преферираните седишта, со повеќе простор за нозете или пак во прв ред седишта за брзо излегување можат да бидат резервирани со повисок надомест со оглед на достапноста на истото врз основа на тоа кој прв пристигне, тој прв ќе биде услужен.

Новиот начин на селекција на седишта на Wizz Air ќе биде лансирано на селектирани рути (Будимпешта – Барселона, Катовице – Лондон, Букурешт – Дортмунт) од четврти мај и постепено од 19-ти мај, ќе се имплементира на сите 360 Wizz рути од 110 аеродроми низ 37 држави.

Потрошувачите со букирани седишта пред осми април, седиштата ќе им бидат поделени на чек-ин, додека патниците со постоечки резервации, вклучувајќи Wizz Xtra legroom и Wizz Reserved Seat Service ќе имаат можност да ги селектираат нивните седишта по избор без дополнителен трошок.

Патниците со Wizz Premium и Wizz Privilege Pass Membership ќе можат да селектираат кое било седиште бесплатно и ќе продолжат да ги уживаат приоритетите при чекирање, за да ги избегнат редиците. Од осми април, Wizz Air го намалува надоместокот за приоритетите при чекирање на само две евра.