Кабелскиот оператор Telemach, фирма во сопственост на американскиот фонд KKR, ја заврши аквизицијата на словенечкиот мобилен оператор Тушмобил, пет месеци откако беше најавена трансакцијата.
Telemach во идните пет години ќе инвестира неколку десетици милиони евра годишно за воспоставување LTE широкопојасен интернет, изградба на нови базни станици и јакнење на понудата на фиксна и мобилна телефонија, пишува Seebiz.
Висината на трансакцијата не е објавена, а словенечките медиуми наведуваат дека за Тушмобил, според неофицијални информации, е платено меѓу 120 и 150 милиони евра.