Лоциран во историскиот дел на Букурешт, Bicicleta е неконвенционален и уникатен концепт на бар во vintage стил.
Она по што овој бар е невообичаен се рециклираните делови од велосипеди. Уникатните парчиња мебел се целосно рачно изработени, а вметнатите делови од велосипедите Pegaz датираат од 30-тите и 40-тите години на минатиот век.
“Bicicleta е бар во Букурешт наменет за сите оние за кои велосипедот е повеќе од средство за транспорт, односно велосипедизмот е дел од нивната личност“, стои на официјалната Facebook страница.