“Зелени“ дронови ќе садат по една милијарда дрвја годишно

126

dron suma

Британски старт – ап има план за борба против уништувањето на шумите со засадување на една милијарда дрвја годишно, користејќи дронови, пишува Russia Today.

Компанијата Bio Carbon Engineering од Оксфорд развива нови методи за садење и мапирање на теренот за да се постигне посакуваната цел.

Дроновите ќе летаат над површината на земјата и ќе имаат задача да направат проценка на земјиштето. Потоа, овие беспилотни летала се спуштаат уште пониско и ги сеат семките прекриени со хранлив хидрогел.

“Ние ќе го промениме светот со една милијарда дрвја во еден момент. Единствената опција што ја имавме досега е рачно садење на дрвјата, што оди многу бавно и е прилично скапо. Се надевам дека нашата технологија ќе овозможи повисока стапка на пошумување во светот“, вели извршниот директор на компанијата Лорен Флечер, кој порано работел како инженер во НАСА.

Се проценува дека со помош на двајца оператори кои во исто време би управувале со неколку беспилотни летала може да се посадат до 36.000 стебла дневно.