Ford патентираше автоматски менувач со 11 брзини

39

ford

Американската агенција за патенти ја одобри апликацијата на Ford за автоматскиот менувач со 11 брзини, пишува порталот Autoguide.

Барањето за патент, автомобилскиот гигант го поднел уште во октомври 2013 година, но Агенцијата за патент го прифати на деветти овој месец.

“Како лидери во технолошкиот развој, поднесувањето на патенти за иновативни идеи за нас е составен дел од работата. Патентот може да ги заштити новите идеи, но не мора да укажува на развој на некој производ во иднина“, изјави портпаролот на Ford, Пол Серендински.

Во овој момент, компанијата ги откри плановите за автоматскиот менувач со 10 брзини, што ќе пристигне во 2017 година во возилото од типот F – 150 Raptor pick up truck.