Пронаоѓачот и иноватор од Србија, Љубиша Ќириќ, ја претстави новата технологија за изградба на куќи и станови, што би чинеле од 240 до 280 евра по квадрат, пишува Танјуг.
Станува збор за типски куќи, модуларни градби кои би се изработувале во фабрика, од каде готовите ѕидови би се монтирале во цврста градба според посебен систем на локацијата што е предвидена за градење.
Ѕидовите ќе бидат изработени од песок и цемент, со три дополнителни еколошки и природни материјали како што се стакло, слама и плева, а кои се одлични хидро и термо изолатори. Куќите, како што тврди тој, во зима ќе бидат топли, а во текот на летото студени. Една куќа од 120 метри квадратни на овој принцип може да се изгради за само еден ден.
Ќириќ повеќе од половина век се занимава со пронајдоци, а досега има 40 иновации и 170 готови производи.