Храна што подмладува

55

orevi

Фото: Pexels

Стареењето е неминовен процес, но сите сакаме колку можеме да го одложиме, забавиме и да го направиме помалку забележителен.

Храната може да биде од корист, но само доколку се изберат вистинските намирници и се конзумираат во препорачаните количини.

Суштината на овој начин на исхрана е да се намали внесот на калории за 30% и да се користат дополнителни минерали, витамини и други есенцијални хранливи материи, што придонесуваат за одржување на виталноста.

За подобрување на општото здравје, спречување и контролирање на дијебетесот, болестите на срцето, Паркисоновата и Алцхајмеровата болест, треба да се конзумира внимателно одбрана храна.

Еве што треба да конзумирате за да му пркосите на стареењето.

Омега – 3 масни киселини

Намирници што ги содржат овие киселини се пастрмка, лосос, бадеми, сардина, туна, харинга.

Ореви

Неколку ореви дневно се добар извор на антиоксиданси, витамин Е и незаситени масни киселини.

Зелен чај

Пијте најмалку две чаши зелен чај дневно. Чајот прави чуда кога станува збор за превенција на болести и е еден вид еликсир на младоста.

Маслиново масло

Маслиновото масло е многу корисно за подобрување на меморијата. Маслинките содржат мононезаситени масти и витамин Е, што го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта.

Овошје и зеленчук

За да го зачувате младешкиот изглед конзумирајте од 500 до 1.000 грама овошје и зеленчук дневно. Изберете различни видови и бои. Витамините и минералите со кои изобилуваат овие намирници го забавуваат процесот на стареење.

Пијте литар ипол вода секој ден

Помалку кафе и сокови, повеќе вода. Навечер испијте шолја чај од камилица, тоа ќе ве опушти, а за појадок јогурт со ниска масленост или млеко (околу пола литар дневно). Најдобар е јогуртот кој содржи Bifidus бактерии, што  помагаат во варењето на храната.

Храна богата со протеини

Дневната доза на протеини што треба да ја конзумирате е 150 грама. Пилешко месо, месо од мисирка, јајца, мешункасти растенија и немасно сирење содржат големо количество протеини. Доколку сте физички поактивни, потребна ви е поголема количина, од 1,2 до 1,5 грама по килограм од вашата телесна тежина.