Сандали што “растат“ како што им расте ногата на дечињата

107

sandali sto rastat

Родителите на децата во земјите во развој имаат проблем да ги задоволат сите потреби на своите деца. Набавката на нов пар чевли за своите деца, чии нозе постојано растат, е вистински проблем и чини мало богатство.

sandali sto rastat 1

Организацијата Because International стои зад дизајнот на меките сандали коишто со помош на ременчиња и меката гума многу лесно и брзо се прилагодуваат на детското стапало. Идејата е децата да можат овие сандали да ги носат од моментот кога ќе проодат, па сè до 14-тата или 15-тата година.

sandali rastat

Желбата да им помогне на екстремно сиромашните семејства го навела Кентон Ли да ги дизајнира овие сандали. Тој работејќи во Најроби, секојдневно ги гледал дечињата како одат боси и од таа причина го осмисли концептот на флексибилни сандали.