Chrona – мемори пена што обичната перница ја трансформира во “паметна“

63

chrona-system

Медицински е докажано дека сонот е многу важен фактор за здрав живот кај луѓето, но голем е бројот на луѓе кои не можат да ги извршуваат своите секојдневни обврски бидејќи се чувствуваат ненаспано.

chrona-sound (1)

Американскиот старт – ап Ultradia им нуди решение на сите оние кои ги мачи несоница. Станува збор за мемори пена, која лесно се поставува во било која обична перница и го користи звукот за да го подобри квалитетот на сонот.

Chrona емитува звуци на различни фреквенции. Звуците со ниска фреквенција овозможуваат длабок сон, додека оние со повисока фреквенција нудат лесно и едноставно будење.

Chrona-upgrade (1)

Во системот на Chrona е вграден и паметен аларм, кој го избира најсоодветниот момент за будење на корисникот. Постои можност да се поврзе со паметен телефон од каде што може целосно да се управува.

Проектот е поставен на глобалната платформа за инвестирање Kickstarter, а досега се собрани 52.240 долари.