Голем број сообраќајни несреќи во светот се предизвикани од употребата на мобилните телефони, па вистински предизвик за автомобилската индустрија е развивање на софистициран безбедносен систем.
Јужнокорејскиот автомобилски гигант Hyundai патентираше изум, кој го исклучува мобилниот телефон штом се најде во близина на воланот. Овој софистициран систем ограничува или во целост исклучува одредените функции на мобилниот телефон за да не им пречи на возачите.
Во зависност од брзината со која се движи возилото, системот избира кои функции на паметниот мобилен телефон се безбедни за употреба, вклучуваќи и пишување на пораки и повици. Системот може да го опфати мобилниот телефон или само на корисникот или на целото возило.
Клучен дел од овој систем е поставувањето на мали антени во различни делови на возилото, што го детектираат сигналот на мобилниот телефон.