GoSun – соларна скара што пече, вари и пржи

73

go sun grill 1

GoSun е скара на иднината, бидејќи ја користи единствено енергијата за Сонцето за подготовка на храна за најмалку осум лица.

Тајната во оваа скара, зад која стои Патрик Шервин, е термалната батерија за која се потребни два часа за полнење, а потоа може да се користи со часови.

go sun grill

GoSun е побрза од вообичаената скара, не ослободува чад и може да се користи на било кое место. Меѓу придобивките од користењето на оваа скара е тоа што освен да се пече, храната може и да се вари и пржи. Благодарение на термалната батерија, што треба да се патентира, подготовката на храна може да биде преку ден или навечер.

На глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter, GoSun досега собра 206.710 долари од 463 инвеститори.

go sun 3